Бркотница со сатар низ трговскиот центар „Лептокарија“

Макфакс

17/07/2019

14:47

7.138

Големина на фонт

а а а

Корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска споделија видеа од инцидент кој се одвивал во скопскиот трговски центар „Лептокарија“.

Од објавеното видео може да се заклучи дека станува збор за расправија меѓу двајца Азијати, момче и девојка, од една страна и трето лице од друга страна.

На видеата може да се забележи како тие двајца во обид да се пресметаат со момчето, го бркаат низ уличките на трговскиот центар, замавнуваат со сатарот кон него и го гаѓаат со картонски кутии полни со ѓубре.

За настанот и дали има повредени сè уште нема официјални информации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг