Lotus Evija e електричен хиперавтомобил со речиси 2000 коњски сили

Супермен

17/07/2019

14:57

2.500

Големина на фонт

а а а

Lotus го претстави својот импресивен електричен хиперавтомобил наречен Evija. Evija е првиот нов модел од Lotus откако компанијата ѝ се придружи на автомобилската мрежа Geely. Производството ќе започне следната година, а истото ќе биде ограничено на 130 примероци.

Автомобилот ќе го придвижуваат четири електрични мотори кои ќе испорачуваат по 493 коњски сили, така што вкупната сила ќе изнесува 1.972 коњски сили. Моторите ќе ги напојува литиум-јонска батерија од 2.000 kW. Со погон на сите четири тркала, Evija од 0 до 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3 секунди. На двоседот ќе му бидат потребни дополнителни 3 секунди за да забрза до 200 км/ч., а доколку продолжи да забрзува, до 300 км/ч. ќе стигне за помалку од 9 секунди. Се верува дека максималната брзина ќе изнесува 322 км/ч. 


Освен тоа, новиот модел на Lotus ќе биде релативно лесен во светот на електричните автомобили. Со едноделна монококна шасија од карбонски влакна и сите компоненти, автомобилот би требало да биде тежок околу 1.680 килограми.

Благодарение на аеродинамичниот облик и активниот заден спојлер кој помага Evija да се “лепи” за асфалтот, таа би требало да се однесува како вистински Lotus. Возачите ќе имаат на располагање пет типови на возење, а тоа се Range, City, Tour, Sport и Track. Дометот би требало да изнесува околу 400 километри.


Од Lotus велат дека Evija ќе биде првиот продукциски автомобил кој ќе поседува ласерски светла, а веројатно го забележавте дека недостасуваат бочни ретровизори и рачки на вратите. Камерите ќе ги заменат класичните ретровизори, а вратите имаат електричен механизам кој се контролира со помош на клучот.

Lotus ќе произведе само 130 примероци од овој модел, а истиот ќе изнесува помеѓу 1,5 и 2 милиони евра. Производството започнува наредната година, а од компанијата велат дека заинтересираните клиенти веќе можат да го нарачуваат овој модел.

*Повеќе фотографии од овој модел погледнете во галеријата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk