Пејачката проговори за бројот на партнери со кои спиела: „Невина сум во однос на моите колешки“

Кармин

17/07/2019

14:45

5.057

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка и една од најдобрите светски вокали, Мараја Кери, прозборе за својот приватен живот и бројот на партнери со кои била.

Деталите од нејзиниот приватен живот малку се познати на јавноста освен оние кои се однесуваат на партнерите со кои јавноста беше запознаена.  

Пејачката неодамна за „Космополитен“ изјавила дека досега била само со пет мажи.

Мараја тврди дека во своите 49 години била само со пет мажи.

„Никогаш ги немав толку многу, но беа различни. Спиев само со пет луѓе во животот, мислам дека сум невина во споредба со своите колешки“ - изјавила пејачката.

Интересно е тоа што јавноста знае само за четворица мажи, од вкупно пет, со колку што тврди дека била.

View this post on Instagram

You are an angel sent from above. ??

A post shared by Bryan Tanaka (@bryantanaka) on

Од 1993-та до 1998-та година Мараја била во брак со музичкиот продуцент Томи Мотол. По Мотол, пејачката две години била во врска со пејачот Луис Мигел.

Во 2008-та година се омажила со пејачот Ник Кенон со кој останала заедно до 2016-та година, кога се верила со австралијанскиот милијардер Џејмс Пакер.

Пејачката моментално е во врска со танчерот Брајан Танак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk