Прес конференција на Зоран Заев: Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Макфакс

17/07/2019

12:48

4.499

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори.

Меѓу нив се и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.


Заев ќе предложи разрешување и на директорите на Македонија пат – Гајур Кадриу, на Здравствен дом Скопје- Злате Мемедовиќ, потоа на тројца членови на управниот одбор на МЕПСО Магдалена Чижбановска, Ненад Крстевски и Томи Божиновски, економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Ваљон Бела, на Државен архив – Кирил Петров и директорот на Агенцијата за лекови МАЛМЕД Ќамил Ибраими.

Ќе биде предложено разрешување и на директорката на Клиниката за детски болести- Катерина Ставриќ која веќе поднесе оставка, на директорот на Европкомпозит – Златко Граороски, на директорката на Драмски театар – Викторија Рангелова Петровска, на директорката на Завод за заштита на споменици на културата и музеј Охрид Елеонора Новаковска, на Заводот за рехабилитација Бања Банско – Стојанка Изова и на директорот на Агенција за странски инвестиции Вулнет Адеми…

На листата се и членот на надзорниот одбор на Развојна банка, Кирил Колемишевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз Вулнет Адеми, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани.

На листата за разрешување се и началникот на УКБ Горан Николовски и заменикот Ариф Асани.

„На некои ќе им понудиме друг соодветен ангажман. Од денеска почнува постапката пред Владата“, рече Заев.

Причините за предлозите за разрешување, според Заев, се сестрани, како недоволна транспарентност, непочитување на процедурите на Владата, дел од нив ќе бидат разрешени поради аферите кои биле објавени во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг