Ангела Меркел е една од најмоќните жени на денешницата. Обожава фудбал и наука, но има и паничен страв од кучуња. Својот приватен живот го држи во тајност.
Ова досега не сте го знаеле за Ангела Меркел:
1. Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, додека пак презимето Каснер го зела од нејзиниот прв сопруг.
2. Германците ја викаат “Мама“.
3. Додека студирала, Меркел работела како бармен во студентското диско за забави.
4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемите им пристапува од научен, аналитички агол.
5. Откако се развела од својот прв сопруг, живеела во илегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот триесетти роденден, татко ѝ доаѓа да ја посети и разочарувачки ѝ вели: „Не си стигнала многу далеку!“.
6. Во ноќта кога Берлинскиот ѕид паднал, ноември 1989-та година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, отишла во сауна, подоцна малку прошетала и испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да се одмори бидејќи утредента бил работен ден. Сите останали Германци биле во “екстаза“ која траела до следното утро.
7. Нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер е професор на берлинскиот универзитет. Не сака публицитет па затоа не се ни појавил на инаугурацијата на Меркел во 2005-та година. Сака опера и прошетки, а се вози со евтини авионски летови дури и тогаш кога му е дозволено да се вози со официјалниот авион на Меркел. Поради неговиот интерес за опера, а оддалеченоста од јавноста, луѓето го викаат „Фантом од опера“.
8. Меркел е добра готвачка. Обожува да прави колачи од сливи и често е забележувана во супермаркет како купува намирници. Има навика секое утро на сопругот да му подготви доручек.
9. Се зборува дека живее во изнајмен стан со својот сопруг, професорот по квантна физика и дека обожува да готви чорба од компири.
10. Уште од 1995-та година ја каснало куче и тогаш развила голем страв од овие животни.
11. Меркел обожува фудбал и често влегува во машките соблекувални за да им ја честите победата. Се зборува дека некогаш во некоја таква посета, го здогледала гол Бастијан Швајнштајгер.
12. Последните месеци забележано е дека таа е во значително лоша здравствена состојба. Германите се сомневаат дека Ангела има разни знаци на Алцхајмер или пак дека станува збор за алхохолизам.