Бајден го предизвикал Трамп да се натпреваруваат во склекови ако мисли дека е престар за претседател

Точка

17/07/2019

11:41

1.024

Големина на фонт

а а а

Овие луѓе буквално се шегуваат, а влијаат во голем број светски земји.

Доколку претседателот на САД, Доналд Трамп, ги исмејува неговите години или ја доведува во прашање неговата ментална состојба во текот на дебатата за избори во 2020-та година, потенцијалниот демократски кандидат за шеф на Белата куќа, Џо Бајден, има подготвен одговор: ќе го предизвика Трамп да прават склекови на сцена, пишува "Washington post". 

Се наведува дека поранешниот американски потпретседател во администрацијата на Обама овие планови ги открил за време на гостувањето во утринската програма на MSNBC, во која му било поставено прашањето дали е доволно цврст да му се спротивстави на Трамп, со оглед на млакиот впечаток кој го оставил по првата дебата на Демократската партија за избор на партиски кандидат.

Бајден признал дека можеби оставил таков впечаток на некои луѓе, но подоцна рекол и дека никогаш не му било проблем да се спротивстави на било кого.

Тогаш водителката го прашала што би направил ако Трамп ги исмејува неговите години или менталната состојба.

"Би рекол, Ајде Доналд, ајде човеку. Колку склекови ќе направиш овде? Ајде, трчај до мене човеку", рекол Бајден.

Тој потоа рекол дека обично во текот на учества на парадите, вклучувајќи ја и последната по повод 4-ти јули, ја трча целата делница по која оди парадата.

Се потсетува дека Бајден минатата година се заканил дека ќе го тепа Трамп поради неговиот дрзок однос кон жените.

"Да сум во средно училиште, ќе однесев зад салата за физичко и ќе го претепав. Целиот живот бев по соблекувални. Јас сум атлета", рекол Бајден во говорот кој го одржал во март 2018-та пред студентите на Универзитетот во Мајами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг