Популарниот фудбалер Кристијано Роналдо продолжува да ја промовира својата марка на долна облека „CR7“.
Новата колекција „High-Summer 2019 CR7“ го прикажува Кристијано под неонско светло во кревет, облечен само во боксерки.
Колекцијата првенствено е инспирирана од летото па затоа и боксерките се во интересни бои од тропските предели.
„Летото е моја омилена сезона, а најмногу го сакам оној дел од денот кога сонцето почнува да заоѓа, а небото е розово. Токму тоа чувство сакам да го претставам со новата колекција“ - раскажал Роналдо.
Роналдо додал дека летото е периодот во кој најмногу одмора, а сето тоа сакал да го отслика во својата нова колекција.
„Всушност сакав да креирам долна облека која ќе изгледа толку многу добро што ќе може да се носи и на плажа“ - заклучил Роналдо.