НАТО ја издал најголемата воена тајна: Алијансата случајно објавила точни локации за тоа каде во Европа се чува американското нуклеарно оружје

Точка

17/07/2019

09:28

4.060

Големина на фонт

а а а

Во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО случајно се појавиле информации за точните места каде се чува американското нуклеарно оружје.

Овој извештај е објавен уште во април со име "Нова ера на нуклеарната воздржаност", меѓутоа набрзо по излегувањето во јавност тој бил избришан, со оглед дека во него се зборува каде точно се лоцирани околу 150 нуклеарни боеви глави во Европа, пишува "Washington Post". 

Станува збор за шест локации, односно шест воени бази: Клајне Брогел во Белгија, Бухел во Германија, Авиано и Геди Торе во Италија, Волек во Холандија и Инџирлик во Турција.

Американскиот весник наведува и дека минатата седмица била објавена и конечна верзија на извештајот, иако овој пат без локација на американските нуклеарни ракети.

Авторот на овој извештај, и покрај обвиненијата дека објавил доверлива информација, рекол дека сите информации од овој документ се собрани од јавни извори.

Неименуван избор од НАТО, меѓутоа, рекол дека ова не е официјален документ на Алијансата.

##https://twitter.com/TIJournalism/status/1151236058593603586##



Спонзорирани линкови

Маркетинг