Меден месец од соништата: Актерката и пејачот уживаат на Малдивите

Кармин

16/07/2019

19:44

3.567

Големина на фонт

а а а

После втората раскошна венчавка, која е одржана во луксузен дворец во јужна Франција, британската актерка Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас, отишле на меден месец на Малдивите.

На радост на фановите, познатиот пар од оваа прекрасна дестинација секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи.

„Ја пронајдов среќата“, напишал Џо на Инстаграм под видеото на кое покажува како тој и Софи се спуштаат низ големиот тобоган кој почнува од нивниот апартман, а завршува во тиркизниот океан.

Куќичката во која се отселиле имаат приватен базен, сауна и теретана, а новопечениот брачен пар ужива во сите содржини кои ги нуди ресортот „Soneva Rushi“.

Софи Тарнер и Џо Џонас се венчаа во мај оваа година во Лас Вегас, а втората голема свадбена веселба ја направиле во Франција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk