Аеродромот во Сплит затворен поради дрон

Макфакс

16/07/2019

18:42

1.589

Големина на фонт

а а а

Аеродромот во Сплит бил затворен половина час поради дрон, па два авиона биле пренасочени кон Задар, а другите кружеле над Сплит, објави „Слободна Далмација”.

Дронот кој го попречил воздушниот сообраќај довел до затворање на аеродромот во периодот помеѓу 12:42 и 13:16 часот.

Според неофицијални сознанија на весникот, два авиона биле пренасочени на аеродромот во Задар, додека другите авиони кружеле над Сплит додека не добиле дозвола за слетување.

Сплитската полиција потврди дека воздушниот сообраќај бил запрен половина час, а полицијата сè уште е на терен во реонот околу аеродромот во потрага по сопственикот на дронот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг