Остин Батлер ја има честа да го отелотвори Елвис Присли во биографскиот филм

Точка

16/07/2019

18:20

1.829

Големина на фонт

а а а

Режисерот Баз Лурман долго трагал по актер кој ќе го отелотвори Елвис Присли во неговиот биографски филм, а сега е познато дека улогата на кралот на рокенролот ќе му припадне на Остин Батлер.

Warner Bros. и Лурман кон крајот на минатиот месец тестирале бројни актери за да ја пронајдат вистинската личност која ќе му се придружи на Том Хенкс, кој ќе се најде во улога на менаџерот на Присли, Том Паркер. Се чини дека на 27-годишниот Батлер најмногу му прилегала улогата на легендата од 60-тите и 70-тите години. 


“Знаев дека не можам да го направам овој филм ако кастингот не беше поставен како што треба. Темелно баравме актер кој има природни и уникатни движења, вокални способности слични на Елвис, но и кој ќе знае да ја долови внатрешната ранливост на уметникот. Во текот на целокупниот процес на кастингот, ми беше чест да се сретнам со толкав број на таленти. Слушнав за Остин Батлер преку неговата улога со Дензел Вашингтон во “The Iceman Cometh”, а преку опсежните тестирања на екранот и музичките и перформански работилници, недвосмислено знаев дека пронајдов некој кој би можел да го отелотвори духот на една од најпознатите музички фигури на светот”, изјавил Лурман.


Австралискиот режисер исто така го напишал сценариото заедно со Крег Пирс. Филмот за Елвис ќе го прикаже односот помеѓу ветеранскиот менаџер и младиот пејач кој доаѓа од сиромашно семејство за да стане иконе која ќе го промени музичкиот тек.

Овој проект ќе го одбележи првиот филм на Лурман по неговата адаптација, “The Great Gatsby” во којa глуми Леонардо ди Каприо. Снимањето на филмот ќе започне дури во 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг