Постојат многу неверојатни факти за познатите личности, кои малкумина ги знаат.
Иако понекогаш изгледа дека нивните секојдневни рутини и навики се сосема различки отколку кај просечните луѓе и тие всушност се луѓе од крв и месо, а нивните хобија, желби и навики би можеле да ве изненадат. „BrightSide“ издвоиле неколку интересни факти за славните, кои најверојатно не сте ги знаеле.
Дали сте знаеле дека сонот е добар за вашиот живот? Ајнштајн знаел бидејќи спиел 10 часа на ден, а најсаканата работа поврзана со Италија му биле шпагетите.
Абрахам Линколн и Џими Картер, поранешните претседатели на Америка, му се далечни роднини на Елвис.
Тејлор како дете живеела на фарма со божиќни елки. „Тоа беше чудно место за растење, но ме поврзуваше со празничната сезона околу која и денес сум еднакво возбудена. На пријателите им одам на нерви кога зборувам за тоа и секогаш ме прашуваат дали сум самовила“, открила во интервју за „Esquire“.
Софи Тарнер не знае да рапува, но може да бидбоксува. Својот талент го открила на едно од снимањата на „Игра на тронови“, кога бидбоксувала додека Џек Глисон рапувал.
Барак Обама е голем обожавател на Хари Потер книгите. Тој ги прочитал сите книги за малиот волшебник.
Музичарот бил љубител на пајаци, а имал и еден како домашно милениче. Му го дал неговото име.
Дикаприо името го добил по Леонардо да Винчи. Кога неговата мајка била бремена, првиот удар на Леонардо во утробата, го почувствувала пред фотографија на Да Винчи.
Анџелина отсекогаш била заинтересирана за мрачни и луди работи. Како дете на сите им зборувала дека сака да биде организаторка на погреби.
Мултиталентираната Ријана постигнала толкав успех, па во нејзиниот роден Барбадос постои Ден на Ријана, на кој сите се собираат за да пеат и танцуваат на нејзините песни.
Името на Ариана е инспирирано од лик од цртаниот филм „Мачорот Феликс“, а таа е алергична на мачки.