Милион теоретичари на заговори подготвуваат марш на Областа 51 поради вонземјаните: Американското воздухопловство ги предупредува да не се обидуваат

Точка

16/07/2019

11:38

3.176

Големина на фонт

а а а

Американското воено воздухопловство издало строго предупредување за повеќе од милион луѓе, да не се обидуваат да го спроведат планот во септември да "упаднат" во американската воена база во пустината Невада, позната во јавноста како "Област 51", "за да видат вонземјани".

Повеќе од милион луѓе се пријавиле за учество во акцијата "Марш на Областа 51, не можат сите да не сопрат", која е закажана за 20-ти септември, а уште 1.200.000 се "заинтересирани" за тој настан. 

Теоретичарите на заговори веќе долго веруваат дека американската влада чува тајни информации за вонземјаните и НЛО во "Област 51" и дека таа се користи за чување на уловени НЛО или вонземјански остатоци или технологија, што владите на САД со децении негира.

Потенцијалите учесници се повикани масовно да се соберат пред одењето во базата на воздухопловството, која долго ги опседнува теоретичарите на заговори во врска со вонземјаните, пренесува "Independent".

Весникот наведува дека сатиричниот настан, кој се организира на Фејсбук и е закажан за 20-ти септември, изгледа како шега со оглед на високата безбедност и строгото обезбедување на американската воздухопловна база во Невада, на околу 180 километри од Лас Вегас.

"Можеме да се движиме побрзо од нивните куршуми. Одиме да ги видиме тие вонземјани", стои во пораката со која се најавува акцијата.

Меѓутоа, портпаролот на воздухопловните сили, Лора Мекендруз, остро ги предупредила потенцијалните учесници да не го прават тоа.

"Областа 51 е простор за обука на американските воздухопловни сили, а ние би ги обесхрабриле сите кои ќе се обидат да дојдат во подрачјето каде ги обучуваме американските вооружени сили", рекла таа.

Американското воено воздухопловство е подготвено во секој момент да ја брани Америка и нејзините вредности, навела Мекендруз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг