СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше препораките на УНЕСКО

Макфакс

15/07/2019

19:13

944

Големина на фонт

а а а

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид. Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, по 11-годишниот пустош што му го направи на Охрид и Охридскиот Регион”, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство поради целиот игнорантски однос на препораките на УНЕСКО од една страна и нивниот целосен фокус на криминал од друга страна.

„Охриѓани многу добро знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разобличи ликот на Плаошник.Граѓаните убаво се сеќаваат и на белосветските измамници како Субрата Рој кои Груевски ги најавуваше како странски инвеститори. Охрид и Охридскиот Регион беа во немилост на криминалната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ. 

Денес Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор интензивно и посветено работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ќе направи сè да се спроведат препораките од УНЕСКО и да се заштити природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот Регион”, се вели во реакцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг