Сопствениците на електричниот Harley Davidson ќе добијат струја за 5 илјади километри

Точка

15/07/2019

18:11

3.189

Големина на фонт

а а а

Harley Davidson неодамна започна да ги прима нарачките за својот прв електричен мотоцикл наречен LiveWire.

Иако има исклучително висока почетна цена од 29,799 долари, сепак од компанијата од американската сојузна држава Висконзин ветуваат дека LiveWire на возачите ќе им пружи секој дел од 116 годишната историја и традиција на познатиот производител.

LiveWire на Harley Davidson може да помине 176 километри комбинирано возење со едно полнење на батеријата и може да забрза до 100 километри на час за само 3,5 секунди.


За да привлечат што поголем број на купувачи, од Harley Davidson постигнаа договор со компанијата Electrify America која е во сопственост на германски Volkswagen и произведува и инсталира брзи полначи ширум САД.

Секој сопственик на LiveWire ќе добие 500 kWh „бесплатна“ струја, односно цената на истата ќе биде вклучена во продажната вредност на електричниот мотоцикл на Harley Davidson. Со оглед на тоа што мотоциклот поседува батерија со капацитет од 15,5 kWh, тоа значи дека корисниците ќе добијат нешто повеќе од 30 полнења.


Тоа значи дека секој возач ќе добие бесплатни 5 илјади километри во комбинирано возење, а ако се земе во предвид само градското возење во кое LiveWire може да помине 234 километри со едно полнење, заштедата е уште поголема.


Инаку, благодарение на брзите полначи, батериите на LiveWire ќе може да се наполнат до 80% за помалку од 40 минути, односно ќе може целосно да се наполнат за околу еден час.




Спонзорирани линкови

Маркетинг