“Чеченски Шварценегер”: 6-годишно дете направило речиси 4.500 склекови за два часа и освоило стан за своето семејство

Точка

15/07/2019

17:19

3.369

Големина на фонт

а а а

Ибрахим Лијанов, 6-годишно дете од Русија, успеал без пауза да направи 4.445 склекови за два часа и на тој начин освоил стан за себе и своето семејство.

Детето се запишало и во руската книга на рекорди. 

Ибрахим го нарекуваaт “Чеченскиот Шварценегер”, а новиот дом го добил од локалниот спортски клуб во кој тој секојдневно тренира со својот татко, пренесува “Daily Hunt”.

Ибрахим не е прв кој освоил ваква награда, благодарение на овој неверојатен подвиг. Минатата година, 5-годишно дете освоило нов Мерцедес бидејќи, исто така без паузи, успеало да направи 4.105 склекови.

6-годишниот Лијанов и понатаму тренира во својот локален клуб, а новата цел му е да го собори светскиот рекорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг