„Американците се нашите најголеми сојузници, но за ова не се согласуваме со нив“

Точка

15/07/2019

16:59

1.834

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант изјави дека се уште има време да се спаси договорот за нуклеарна енергија со Иран.

Хант порача дека и покрај тоа што Британците се најблиски сојузници со Соединетите Американски Држави, тие не се согласуваат околу тоа како треба да се носат со „иранската криза“.

„Иран е далеку од развој на нуклеарна бомба. Се уште има шанси договорот да се спаси“, изјави шефот на британската дипломатија за новинарите по доаѓањето на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, целта на состанокот во Брисел е да се утврди како да се убедат Иран и Соединетите Американски Држави да ги намалат тензиите и да иницираат дијалог, додека постојат стравувања дека договорот од 2015-та година е блиску до целосен распад.

Хант кој се надева дека ќе стане премиер на Велика Британија, изјави дека иако се согласува со Соединетите Американски Држави во врска со прашањето околу пронаоѓањето на долгорочно решение за регионалното влијание на Иран, сепак не се согласува со моменталниот пристап на Вашингтон.


„САД знаат дека ги сметаме за нашиот најблизок сојузник и веруваме дека сојузот помеѓу Велика Британија и САД веќе 75 години се темели на глобалниот мир и просперитет, но пријателите понекогаш не се согласуваат“, изјави Џереми Хант.

Британскиот министер додаде дека ова е една од ретките прилики кога Лондон и Вашингтон не се согласуваат, но тоа не значи дека двете земји не соработуваат многу блиску во потрагата по мирот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг