Вимблдон и оваа година собра многу популарни личности, а на финалето на машките парови во публиката седеше и актерот Вуди Харелсон, кој очигледно дека добро се забавувал со по некоја чашка алкохол.
Актерот кој го прослави улогата во серијата „True Detective“ малку претерал со алкохолот, а неговото однесување е снимено со камерите кои го пренесуваа натпреварот во живо.
Бидејќи бил под дејство на алкохол, во еден момент човек од обезбедувањето го замолил Вуди да ги напушти трибините, што него не му претставувало голем проблем, па продолжил и понатаму да пие, но овојпат на скалите.
Бидејќи актерот се обидел да ги замоли луѓето од обезбедувањето да се врати на своето место, но тие не му дозволиле, тој само ги подигнал рамениците и заминал да си земен уште некоја чашка алкохол.
Неговите “пијани“ реакции на местото на натпреварот станаа хит на социјалните мрежи.
drunk woody harrelson being kept from his seats at wimbledon is a huge mood pic.twitter.com/kjh7rMZt0p
— The Only Tyler In America (@TylerRuinsTV) July 13, 2019