Порто Карас сега изгледа како воопшто да не бил погоден од силното невреме во Грција: Погледнете ги ексклузивните фотографии

Точка

15/07/2019

13:44

4.434

Големина на фонт

а а а

Грците многу професионално и одговорно реагираа, така што моментално никаде нема штети, а тоа надjобро се забележува во пимерот со Порто Карас.

Хотелите на Халкидики поминаа без поголеми материјални штети за време на невремето кое во средата навечер ги погоди најпопуларните летувалишта на Касандра и Ситонија.

Министерот за туризам во Грција, Харис Теохарис, изјавил дека нема причина за грижа ниту пак постои можност да се повтори вако невреме.


Најдобриот доказ за тоа е популарниот хотел Порто Карас кој го преживеа невремето без поголеми последици, што може да се забележи и на фотографиите во продолжение.

Како што изјавиле од Грција, надлежните служби таму веднаш реагирале и ги санирале сите проблеми кои се појавиле во текот на невремето.


„Нема никаква причина туристите кои треба да дојдат да ги откажат своите аранжмани ниту пак да ги одложуваат. Зградите не претрпеа никаква штета, материјалната штета најмногу беше направена по улиците и плажите, но тоа веќе сериозно се решава и се расчистува“ - изјавиле од таму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг