Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Макфакс

15/07/2019

10:34

852

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп критикуваше група обоени демократски претставнички во Конгресот, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и порачувајќи им дека треба да се вратат во опустошените и осиромашени места од каде што дошле, јави АП.

Трамповите забелешки на „Твитер“ остро ги осудија претставничките на демократите кои за момент заборавија на внатрешните поделби кои веќе некое време владеат меѓу нив, според агенцијата на САД.

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела”, додека претставничката на демократите од Њујорк Александрија Окасио-Кортез, која веќе неколку дена е во конфликт со Пелоси, коментира дека Трамп „не може да замисли таква Америка што нè вклучува и нас“.

Демократскиот претставник Бен Реј Лаџан рече дека пораката на Трамп е расистичка и додаде дека демократските пратеници се американски државјани избрани од американскиот народ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг