Џејсон Статам важи за еден од најголемите холивудски фраери, а еве со што се занимавал пред актерството

Супермен

15/07/2019

09:49

6.593

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Џејсон Статам веќе со децении е еден од најпопуларните холивудски актери, а иако има 51 година, многу жени ширум светот и денес лудуваат по него. Како што е познато, Џејсон ја започнал својата актерска кариера во 1993 година, а пред тоа се занимавал со разни професии.

Доколку не сте знаеле, тој бил професионален спортист, односно се натпреварувал во скокови во вода. Дванаесет години бил член на британската репрезентација, а на Светското првенство во 1992 година го освоил 12-тото место.

Исто така, во младоста тренирал фудбал, а бил и уличен забавувач. Актерот се присетил на својата младост во интервју за “Daily Star”. 

“Јас всушност не сум вистински актер, некогаш изработував накит на улица. Со години бев спортист и не сум некоја филмска ѕвезда која може да се трансформира во различни улоги. Едноставно влегов во овој бизнис бидејќи бев на вистинското место во вистинско време”, изјавил Статам и додал дека се чуди што толку долго опстанал на холивудската сцена.

Џејсон е во брак со манекенката Роузи Хантингтон Вајтли со која го има 2-годишниот син Џек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk