Јунајтед наскоро ќе го има најскапиот стопер на светот

Точка

15/07/2019

09:08

1.457

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед и Лестер се пред постигнување на договор за трансфер на Хари Мегваeр на „Олд Трафорд“.

Наводно вредноста на трансферот на Мегвaeр би требала да изнесува околу 80 милиони фунти, со што англискиот репрезентативец ќе стане најскапиот стопер на светот, надминувајќи го трансферот на Вирџил Ван Дајк во Ливерпул кој „Редси“ ги чинеше 75 милиони фунти.

Јунајтед најверојатно ќе платат 60 милиони фунти веднаш, а преостанатите 20 милиони фунти Лестер ќе ги добие преку бонуси.

Англиските медиуми пренесуваат дека Мегваер на тренерот Брендан Роџерс му соопштил дека сака да го напушти клубот и практично веќе со една нога е во Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг