Човекот кој прв му веруваше на Гризман: Тој ќе се вклопи во Барселона како прстен на прст

Дерби

14/07/2019

16:20

2.303

Големина на фонт

а а а

Францускиот ас, Антоан Гризман конечно го официјализираше својот премин во Барселона со што беше ставена крај на една трансфер сага, приказна која траеше две години.

Напаѓачот денеска ќе ја има својата официјална промоција на „Камп Ноу“, а пред истата својот став околу како Гризман ќе се снајде во Барселона го даде ургвајскиот стратег Мартин Ласарте, човекот по чие водство Антоан доби шанса во Реал Сосиедад.

Ласарте верува дека голгетерот е идеално засилување за Барселона, односно дека доаѓа во вистински време по сезоната во која каталонците освоија само една титула во Примера.

-Неговиот потпис за Барселона-тоа ќе се случеше минатата сезона, па тоа е нешто што сите го знаат. Навивачите на Барселона беа лути, но според мене донесе вистинска одлука што остана во Атлетико Мадрид. Сега мислам дека е вистинско време затоа што Барса не успеа да ги освои сите трофеи минатата сезона и тоа на лош начин, па верувам оти Гризман лесно може да се вклопи и да им помогне да се вратат, бидејќи тој е среќен човек и многу позитивен. Мислам дека Гризман ќе се вклопи како прстен на прст по ситуацијата на Барселона минатата сезона, -вели Ласарте кој го водеше Сосиедад во периодот од 2009 до 2011, годините во кои Антоан се промовираше и наметнуваше во првата екипа на составот од Баскија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг