Мурињо: Јас сум „гладен“ за фудбал, ама ќе се вратам…

Дерби

14/07/2019

11:30

1.688

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо во финишот на минатата година се раздели со премиерлигашот Манчестер Јунајтед, односно веќе повеќе од половина година е слободен агент и изненадувачки не се одлучува да прифати нов предизвик во кариерата.

Меѓутоа Португалецот е смирен по ова прашање затоа што нема намера по секоја цена да му се врати на фудбалот иако е гладен за големата сцена или поточно само вистинската понуда, вистински клуб може да го натера да им се врати на секојдневните обврски.

-Јас сум гладен да се вратам, ама ќе го чекам вистинскиот клуб, вистинскиот проект. Во меѓувреме правам работи кои ги сакам. Повеќе би сакал да работам, ама сакам други спортови и ова е добра можност да уживам порачал Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг