Срцето на Њујорк остана без струја: Менхетн во темница, застанаа лифтовите, прекинати претставите на Бродвеј...

Точка

14/07/2019

11:39

4.635

Големина на фонт

а а а

Голем дел од њујоршки Менхетн остана без струја, а локалната компанија за снабдување со електрична енергија објави неколку часа потоа дека ситуацијата полека се враќа во нормала.

Најпогоден бил западниот дел од Менхетн каде што бројни станици на подземната железница останале во мрак, исто како и познатиот „Тајмс Сквер“. Лифтовите во облакодерите од тој дел на градот застанале, а од пожарникарските служби потврдиле дека се справувале со пожар на електричен трансформатор на Менхетн. Исто така, реагирале и на бројни повици на луѓе кои што заглавиле во лифтови.


Бројни претстави на популарниот Бродвеј биле откажани, а од Metropolitan Transportation Authority ги советувале граѓаните да избегнуваат да ја користат подземната железница.


Засега нема информации за повредени или евентуални жртви во повеќечасовниот мрак кој завладеа на Менхетн и погоди околу 60 илјади луѓе.


„Штотуку го прелетав градот и повеќето од светлата полека се враќаат. Јасно, уште не се сите вклучени“, изјави гувернерот на Њујорк на прес-конференцијата, додека извршниот директор на компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Кон Едисон“, Џон Мекавој, потврди дека повеќе од 73 илјади домови и деловни објекти останале без струја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг