Погба одби да зборува за својата иднина, Солскјер обелодени дека има неочекуван план за Французинот

Дерби

14/07/2019

10:52

1.319

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед славеше со 2:0 на првата контролка против Перт Глори, но сепак далеку поинтересни за новинарите беа играчите на клубот од „Олд Трафорд“ за кои веќе извесно време се шпекулира дека може да заминат во друга средина.

Пол Погба имаше одлична асистенција на денешниот меч, но по крајот на истиот, одби да говори за својата иднина пред новинарите, со што остави простор за нови гласини за негово заминување од Јунајтед. Од друга страна пак, со доста поразлична изјава излезе Оле Гунар Солскјер, кој наспроти сите шпекулации, планира да го направи Французинот еден од капитените на тимот.

– Да, Погба е еден од играчите кои се опција да станат капитени. Имаме неколку опции, но за тоа точно ќе се знае на стартот на сезоната. Ќе видиме како ќе оди пресезоната, кој ќе се истакне. Засега, капитенската лента ќе ја носи Ешли Јанг се додека не одлучиме кој ќе биде капитен, – порача Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг