Лидерот на Хезболах порача: САД ќе размислат кога ќе сфатат дека војна со Иран ќе го збрише Израел

Точка

13/07/2019

17:37

4.555

Големина на фонт

а а а

Лидерот на либански Хезболах, Сајед Хасан Насралах, предупредил дека Иран е "способен сурово и моќно да го бомбардира Израел во случај да избие војна со САД".

Изјавите на Насралах биле објавени на телевизијата Ал Манар, со која управува Хезболах, по неколкунеделниот раст на тензиите на релација САД-Иран. 

"Кога Американците ќе сфатат дека таа војна ќе го збрише Израел, тогаш повторно ќе размислат", порачал Насралах.

"Нашата колективна одговорност во регионот е работиме на тоа да спречиме американска војна против Иран", додал тој.

Насралах, исто така, изјавил дека ни Саудиска Арабија ни ОАЕ немаат интерес да започнат војна.

Во петокот, Пратеничкиот дом на Конгресот на САД одлучил дека американскиот претседател Доналд Трамп не може сам да одлучува за евентуален почеток на војна со Иран, изразувајќи страв дека неговата политика води во непотребен судир.

САД го смета Хезболах, единствената група која не е разоружена по либанската граѓанска војна од 1975-та до 1990-та година, за терористичка организација.

Меѓутоа, Хезболах игра важна политичка улогаво малата медитеранска држава, со 13 пратеници во Парламентот на Либан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг