Фановите бесни: По Тоти и Де Роси, Рома сака да се откаже од уште едно важно име

Дерби

13/07/2019

13:25

1.811

Големина на фонт

а а а

Актуелното раководство на Рома продолжува ги иритира навивачите со своите одлуки. По неутрализирањето на иконите Франческо Тоти и Даниеле Де Роси, сега „волчицата“ сака да се откаже и од уште еден фудбалер кој е меѓу милениците на фановите.

Се работи за Алесандро Флоренци кој често беше и капитен на теренот минатата сезона, а кој со одлука на новиот тренер Фонсека и спортскиот директор Петраки е ставен на трансфер листата и постојат големи шанси да ја промени средината ова лето.

Петраки го информирал агентот на Флоренци дека може да преговара со други клубови, најавувајќи му дека не е во прв план кај Фонсека, а во игра за потписот на овој фудбалер се Севиља и Атлетико Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг