Откриени злоупотреби во „АД Водостопанство“-Куманово, раководните лица си прибавиле над 700.000 денари

Макфакс

13/07/2019

12:27

1.159

Големина на фонт

а а а

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Во текот на 2016 и 2017 година, како што соопшти МВР, второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице.

По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг