Бијонсе со стилот воодушевила на црвениот тепих

Точка

12/07/2019

20:27

2.216

Големина на фонт

а а а

На премиерата на филмот "Lion King" музичката ѕвезда сите ги воодушевила со својата појава.

Популарната пејачка Бијонсе на светската премиер на филмот "Lion King" во Лос Анџелес со својата појава ги воодушевила сите, а поради нејзиниот фантастичен стајлинг сите погледи биле насочени кон неа. 

Пејачката блескала на црвениот тепих во необична комбинација. Имено, пејачката облекла црн фустан на кој имало детали од циркон, како и подолго сако кое блескало од количината на циркони кои го краселе.

Ефектната комбинација Бијонсе ја надополнила со сандали и торба со циркони, па била забележана веднаш штом се појавила, блескајќи - во буквалната смисла на зборот.

Бијонсе на премиерата дошла со сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви, која имала идентичен стајлинг како и својата мајка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг