Испливале детали од тоа како премиерот на Косово наседнал на договорот со лажниот Порошенко

Точка

12/07/2019

19:51

6.115

Големина на фонт

а а а

Рамуш Харадинај, премиер на Косово, во април наседнал на шегата на познатите руски комичари, а сега испливале и детали од тој телефонски разговоро.

Во делови од разговорот со руските комичари Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус), се слуша дека еден од нив се претставил како тогашниот претседател на Украина, Петро Порошенко, кој го убедил дека пред изборите ќе го поддржи на својот Твитер профил. 

Покрај поддршката за Порошенко, Харадинај му дал и поддршка на измислениот иден премиер Вован Лексус, што е само комбинација од уметничките имиња на двајцата комичари.

"На украинскиот народ му посакувам слободни и демократски избори. На мојот пријател Петро Порошенко и неговиот иден министер Вован Лексус им посакувам се најдобро и победа за да ја предводат Украина на пат кон европските интеграции. Косово и Украина стојат заедно како нации на слобода и просперитет", напишал Харадинај на Твитер кон крајот на април оваа година.

Твитот кој набрзо го избришал, го објавил по разговорот со лажниот Порошенко, кој му ветил дека, доколку повторно ги освои претседателските избори, ќе ја признае независноста на Косово и побарал негова поддршка.

"Се надевам дека кај вас ќе биде се во ред и ви посакувам среќен Велигден. Тоа е многу важно за земјата, ќе се молам за вас на сите нивоа на изборите", рекол Харадинај.

"Најдоброто што можете да го направите за мене е да ме поддржите како претседател", одговорил лажниот Порошенко.

Тогаш Харадинај му понудил на својот профил на Твитер да објави фотографија од Порошенко и да напише дека се моли за украинскиот народ и победа на изборите на Порошенко. На предлог на лажниот Порошенко, Харадинај да му го пратил точниот текст кој треба да го објави на Твитер, косовскиот премиер одговорил потврдно.

"Јас ќе ви го прочитам текстот кој можете да го прилагодите, тоа е текст кој и други лидери го споделуваат, а можете и Вие", му рекол лажниот Порошенко на Харадинај, по што косовскиот премиер го споделил спорниот твит.

"Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, вчера му посака победа на украинските избори на Порошенко и неговиот иден премиер, Вован Лексус", се пофалил на истата социјална мрежа Владимир Кузњецов откако Харадинај наседнал на разговорот со комичарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг