Трамп застана во одбрана на Ненси Пелози

Макфакс

12/07/2019

18:59

414

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелози доби неочекувана поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, во нејзината борба со новите демократи.

Републиканецот Доналд Трамп ја бранеше демократката Пелози, со тоа што рекол дека Александра Окасио-Кортез од Њујорк, треба со почит да се однесува кон Пелози. Тој исто така рекол дека Пелози не е расист, пренесе АП.

Окасио-Кортез ја обвинила Пелози дека ја издвојува неа и новите демократи, сите жени со обоена кожа и дека ги критикува. Тензиите меѓу Пелози и одделни помлади, напредни демократи во Претставничкиот дом, неодамна беа изнесени во јавност и му се закануваат на единството на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг