Од раководството на Интер се уште не се откажале од ангажман на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, и во слендите неколку денови ќе биде појасна ситуацијата дали Белгиецот би можел да се пресели во Милано.
Сепак, со оглед на фактот што преговорите не одат баш глатко, од раководството на Интер размислуваат и за „план Б“ доколку Лукаку не се пресели на „Меаца“.
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио пренесува дека „нероазурите“ како резервна варијанта го имаат Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Ребиќ би чинел околу 40 милиони евра и веќе има искуство со играње во Серија А каде настапуваше во дресот на Фиорентина.
За хрватскиот репрезентативец има интерес и од неколку други големи тимови, меѓу кои предничи оној на Атлетико Мадрид.