Преслатки фотографии од две мајмунчиња кои станале најдобри пријатели

Точка

12/07/2019

16:43

4.753

Големина на фонт

а а а

Срцепарателни фотографии ги разнежниле интернет корисниците ширум светот. На нив има два мајмуни без родители во топла преслатка прегратка, откако останале без мајките.

Овие мајмунчиња стари 20 дена, заедно со 10-дневна женка, ги вдомила индиската хуманитарна организација „Вилдлајф СОС“.


Мајмуните набрзо станале најдобри пријатели, а на фотографиите си играат и се прегрнуваат. Во еден момент може да видите како постариот мајмун мажјак го цица палецот како дете.

Слатките мајмунчиња го поминува времето играјќи си со своите играчки, јадејќи слатки и спиејќи заедно.

Со оглед на тоа дека се стари само неколку недели, мајмуните не се способни сами да се хранат. Двете младенчиња моменталнo се под надзор на организацијата која се грижи за животните, каде им даваат храна и лекови.


Основачот и извршниот директор на организацијата вели дека болката и траумата поради загубата на мајката и понатаму се присутни кај нив и дека им е потребна нега и внимание. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг