Пропадна школата за Хрвати и Срби во Вуковар, Норвежаните си ги побарале парите назад

Макфакс

12/07/2019

15:01

1.140

Големина на фонт

а а а

Пилот-проект наречен Интеркултурна школа Дунав – школа во Вуковар, која од останатите требало да се разликува по својот мултикултурен пристап, веќе замина во историјата, пишува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на информации од „Гласот на Славонија“.

Идејата за училиште што требаше да биде пример за дијалог и интеграција меѓу хрватските и српските студенти се роди пред 16 години. Имено, Кралството Норвешка дало повеќе од еден милион евра за изградба и опрема на училиштето во населбата Борово.

Меѓутоа, бидејќи училиштето никогаш официјално не почнало со работа, Норвежаните минатата есен си ги побарале парите назад. Потоа, настанал проблем околу тоа кој точно треба да ги врати парите, имајќи предвид дека одлуката за основање на училиштето со експериментална програма ја донел Градскиот совет на Вуковар на крајот од 2016 година, но носител на проектот било Министерството за наука и образование.

Дражен Кобашевиќ, шеф на Одделот за култура, образование, спорт, одбрана, социјална политика и граѓанско општество, изјавил дека Министерството потврдило оти парите им биле вратени на Норвежаните. Тој рекол дека се вратени околу 300.000 евра и дека проектот е готов.

Со тоа пропадна и можноста за создавање на првото училиште во Хрватска во кое ќе одат деца од хрватска, српска и сите други националности, со можност да научат за разликите меѓу нив, со цел да стекнат толеранција и меѓусебно почитување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг