Сега е и официјално: Лејди Гага го лансира својот бјути бренд

Кармин

12/07/2019

14:39

1.935

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага одлучила после долгото чекање, да ги израдува своите фанови - наскоро нејзиниот козметички бренд ќе биде лансиран!

Гага на својот официјален Инстаграм профил објавила фотографија со која го најавува лансирањето на својот бјути бренд, кој се подготвува веќе неколку месеци наназад. Под името „Hause Laboratories“, познатата пејачка ќе продава разни производи преку Амазон платформата.

Освен фотографии, објавено е и промотивно видео кое нè води во светот на убавина под визија на Лејди Гага.

Официјалното лансирање ќе биде во септември, додека нарачувањето на производите ќе биде достапно од 15-ти јули.

„Последната работа која му е потребна на светот е уште еден бјути бренд. Баш штета!“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk