Ниту славната актерка не можела да ѝ одолеее на тренди фризурата. Сандра Булок во последно време не се појавува толку често во јавност, па може да се претпостави дека повторно се подготвува некој возбудлив проект.
Кога во јуни ја прими наградата за најдобра изведба на доделувањето на наградите „MTV Movie and TV“, актерката имаше долга коса, освежена со неколку руси прамени.
Меѓутоа, за топлите жешки денови одлучила да скрати неколку сантиметри и да ја проба најпопуларната фризура на годината.
Русите прамени сега станале чоколадно-кафени, а мора да признаеме дека промената на бојата и должината ѝ прилегаат одлично.