„ЕСПН“ пренесува позитивни вести за Манчестер Јунајтед поврзани околу Пол Погба

Дерби

12/07/2019

12:58

1.132

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека Пол Погба и понатаму ќе остане една од главните трансфер теми во летниот преоден рок.

Според неговиот агент, но и според изјавата на фудбалерот од пред околу еден месец, тој сака да си замине од Манчестер Јунајтед потрага по нов предизвик.

Сепак, сега „ЕСПН“ пренесува дека францускиот интернационалец полека почнал да го променува мислењето околу заминувањето од „Олд Трафорд“ ова лето. Доколку остане, Погба ќе бара продолжување на догворото, а со тоа и неговиот агент, Мино Раиола ќе земе значаен дел од финансискиот колач кој ќе го додели Манчестер Јунајтед, па така и двете страни би биле задоволни.

– Погба не притиска за заминување од Манчестер Јунајтед и во исто време бара уверување дека клубот ќе се движи во вистинска насока. Луѓето мислат дека агентите се платени само кога ќе реализираат трансфер на играчите. Не, тие исто земаат пари кога играчите ќе ги продолжат договорите, а Погба е во период во кој треба да го продолжи договорот, а Манчестер Јунајтед сака да го продолжи неговиот договор. Можеби затоа е и оваа „игра“ одстрана на Раиола, -напиша на социјалните мрежи новинарот на „ЕСПН“, Габриеле Маркоти.

Од друга страна, за разлика од првиот ден кога јасно се гледаше незадоволството на Погба, на вчерашниот отворен тренинг францускиот фудбалер беше далеку порасположен и во еден момент постигна преубав погодок кој знаеше како да го прослави.

Потоа Погба имаше еден извонреден потег кој наиде на одобрување од публиката која се собра да го види тренингот на Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг