Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во двојки на силниот турнир во Шпанија

Дерби

12/07/2019

12:30

786

Големина на фонт

а а а

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа и нејзината добра пријателка Анастасија Комардина од Русија ќе играат во полуфиналето во двојки на ИТФ фјучерсот во Гецо (Шпанија) што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа и Комардина во четвртфиналната рунда ја надиграа домашната комбинација Мерцедес Аристеги и Лусија Кортез Лорка со 2-0 во сетови. Дуелот на теренот број 4 траеше точно 52 минути и истиот заврши со резултат 6-2 и 6-0.

Сега следи вистински тест за Лина и Антастија, меч со вторите носителки Гиомар Маристан Зулета Де Реалес (Шпанија)и Деспина Папамихаил (Грција). Токму Папамихаил ја елиминираше нашата најдобра тенисерка во поединечна конкуренција, па ова дефинитивно е добра шанса за тетовката да го возврати ударот и се реваншира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг