Британскиот данок на јаглерод диоксид почнува на 4-ти ноември, но под еден услов

Макфакс

12/07/2019

12:19

800

Големина на фонт

а а а

Британската емисија на јаглерод диоксид (CO2) од електрани и фабрики ќе почне да се применува на 4-ти ноември, но само ако земјата ја напушти ЕУ на 31 октомври без договор, објави британската влада денес.

Данокот, кој е утврден на ниво од 16 фунти за тон за 2019 година, ќе ги замени надоместоците кои моментно се во сила во рамките на Европскиот систем за тргување со емисии (ЕТС), кој Велика Британија автоматски ќе го напушти во случај на сценарио на брегзит без договор, објави „Ројтерс“.

Велика Британија е втор најголем емитер на гасови со ефект на стаклена градина во Европа, а нејзината индустрија е меѓу најголемите купувачи на лиценци во аеропскиот ЕТС, кој на електраните и фабриките им наплатува за секој тон на CO2 што го испуштаат.

Ако Британија ја напушти ЕУ со договор, тогаш, како што беше најавено, ќе остане во ЕТС до крајот на сегашната фаза на трговија со емисии до крајот на 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг