Вентура жали што бил селектор на Италија

Макфакс

12/07/2019

11:22

907

Големина на фонт

а а а

Поранешниот италијански селектор Џанпјеро Вентура е свесен дека неуспехот во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2018 година ќе го следи додека е жив.

Италија таа година доживеаја историски дебакл, не успеаја да ја минат Шведска во баражот и прв пат во историјата пропуштија светско првенство.

Вентура има 71 година, а во новата сезона ќе седи на клупата на Салернитана.

„Можеби згрешив кога прифатив да ја водам репрезентацијата. Тој неуспех беше доволен луѓето да го заборават се она што го направив во 33 години долгата кариера. Сакам тоа да си го вратам“, им рекол Вентура на новинарите на промоцијата во новиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг