Пејачката никогаш попровокативна: Тесниот фустан ја истакнувал нејзината совршена фигура

Кармин

12/07/2019

11:09

3.805

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Сијара привлекла огромно внимание на доделувањето на спортските награди “ESPY” кога се појавила во провокативна креација.

33-годишната пејачка пленела со изгледот во долгиот црн фустан кој не можел, а да не остане незабележан.  


Сијара е инаку посветена на здравиот начин на живот. Таа интензивно тренира и вежба со години, па затоа и не нè чуди што изгледа совршено во креацијата во која е невозможно да се сокријат било какви недостатоци.

Црниот фустан имал висок шлиц, но и дополнителни прорези на колковите и струкот, а не изостанало ни длабокото деколте. Пејачката, фустанот го надополнила со елегантни црни сандали со потпис на познатиот дизајнер Џузепе Заноти.

Сијара, на црвениот тепих ја придружувал нејзиниот сопруг Расел Вилсон кој за оваа прилика исто така одбрал потполно црна модна комбинација.


И Сијара и Расел ги надополниле своите модни комбинации со акцесоари и со тоа уште повеќе ги истакнале парчињата кои ги носеле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk