Озлогласениот педофил ги запознал Трамп и Меланија: Разоткриена врската помеѓу Епстајн и претседателот на САД

Точка

12/07/2019

11:17

1.983

Големина на фонт

а а а

Уапсениот педофил, Џефри Епстајн своевремено ги запознал американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп.

Џефри Епстајн ги запознал тогашниот милијардер од Њујорк, Доналд Трамп, со атрактивната словенечка манекенка Меланија Кнавс која набрзо ќе стане трета сопруга на еден од најбогатите Американци и иден шеф на државата.

Како што пренесува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори кои што побарале да останат анонимни, Епстајн на бројни пријатели им се фалел дека токму тој ги запознал Трамп и Меланија.

Еден од луѓето на кои што им се пофалил бил Џорџ Хурани, првиот човек на „Американ дрим ентерпрајз“ кој бил многу близок со Епстајн и кој во 1992-ра година организирал раскошна забава во одморалиштето на Доналд Трамп, Мар А Лаго на Флорида. Имено, на таа забава покрај 28-те манекенки во бикини, присуствувале и Трамп и Епстајн.


„Договорив доаѓање на неколку девојки. Ги прашав кој ќе доаѓа на забавата затоа што имам 28 манекенки. Ми рекоа дека ќе бидат само тој и Епстајн. Му реков – „Доналде, ова требаше да биде забава за ВИП клиенти, а ти ми велиш дека сте само вие двајца“. Бев изненаден“, открива Џорџ Хурани.

Хурани подоцна открил дека го предупредил Трамп за Епстајн и му кажал дека мора да му забрани да доаѓа на забавите кои ги организира тој.

„Трамп не беше премногу загрижен. Му реков дека Џефри го познавам одлично и дека не можам да му дозволам да биде со малолетнички. Трамп ми рече дека тој гарантира и дека не би го правел тоа ако нешто не е во ред“, додаде Хурани.


Откако Епстајн беше уапсен во понеделникот под обвинение дека тргувал со малолетнички за сексуални услуги, од Белата куќа соопштија дека Трамп на милијардерот Епстајн му ги забранил посетите на одморалиштето Мар А Лаго откако во 2007-ма година тој бил уапсен за прв пат поради педофилија.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека не знаел што прави Епстајн, кој исто така бил близок пријател и со уште еден американски претседател – Бил Клинтон. Инаку, Епстајн верува дека токму Трамп му ја наместил истрагата за сексуално злоставување на малолетнички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг