Хоророт на Халкидики снимен од воздух: Погледнете ги вистинските размери на катастрофата која ја погоди Грција

Точка

12/07/2019

10:42

6.020

Големина на фонт

а а а

Бројот на загинати во силното невреме на Халкидики порасна на седум жртви откако вчера беше пронајдено тело на маж во областа помеѓу Созополи и Неа Каликратија, јавува “Катимерини”.

Објавени се и првите фотографии од Халкидики снимени од воздух. Форензичарите ќе испитуваат дали телото му припаѓа на 62-годишниот рибар кој исчезна во морето кај Каликратија во средата навечер. 

Портпаролот на Владата на Грција, Стелиос Пецас изјавил дека ќе им биде понудена финансиска помош на три општини на Халкидики за реконструкција.


Тој додал дека сервисот, со кој се испраќаат пораки за предупредување на мобилните телефони, сè уште не е во функција во Грција и порачал дека приоритетот на Владата е негова активација.

Помеѓу настраданите во невремето се и две деца, додека повеќе од 100 лица се повредени. Шефот на грчката дипломатија Николаос Дендијас изразил сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и порачал дека надлежните екипи работат на санирање на штетата што е можно побрзо.


Во здравствениот центар во Мудања се прегледани 120 лица по силното невреме кое го погоди полуостровот, соопшти вчера грчкото Министерство за здравство.

Од 120 лица, 9 се хоспитализирани во болницата “Папаниколау” во Солун, каде една жена се наоѓа на интензивна нега, 12 се сместени во болницата “Полигирос” на Халкидики, а 5 деца се сместени во Гениматас со полесни повреди.


Сите болници и здравствени центри на северот од Грција се ставени во состојба на готовс.

За потсетување, бурата била толку силна што од ударот се превртила камп приколка во која настрадаа двајца постари чешки туристи.


Погледнете како изгледа Халкидики по катастрофата:




Спонзорирани линкови

Маркетинг