Де Лаурентис со порака до Перез: Нема да наседнеме на твоите игри!

Точка

12/07/2019

11:06

1.191

Големина на фонт

а а а

Се чини дека иако Хамес Родригез е отпишан од Реал, а Наполитанците потврдија дека се заинтересирани за неговите услуги, сепак шпанскиот и италијанскиот клуб се далеку од договор за неговиот трансфер.

Според Наполитанците, Хамес сака да се пресели во Неапол, меѓутоа Реал Мадрид има превисоки барања кога станува збор за обесштетувањето.

„Хамес е во нашите срца, посебно во срцето на Анчелоти. Сепак, проблемот е во тоа што мораме да се справиме со Реал Мадрид. Ние сме тешки за преговори и не сакаме да попуштиме на неправедните петиции на Флорентино Перез. Нема да наседнеме на неговите игри“, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и додаде:

„Нема да го направиме тоа, затоа што нашиот тим е веќе силен. Сакаме да го купиме, но не сакаме да направиме грешки“, изјави Де Лаурентис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг