Драма во авионот: Пилотот излегол од кабината и се онесвестил пред патниците

Точка

12/07/2019

10:30

2.670

Големина на фонт

а а а

На летот имало 85 руски патници кои се враќале од Црна Гора и останале шокирани откако пилотот излегол од пилотската кабина и се онесвестил пред сите.

Голема драма се одвивала на летото на “Montenegro Airlines”, откако пилотот излегол од својата кабина и се онесвестил пред патниците. Во авионот имало руски туристи кои се враќале од Црна Гора, а инцидентот се случил пред слетувањето во Москва.

За среќа, копилотот ја превзел контролата над авионот и слетал на аеродромот „Калуга“ оддалечен на 190 километри од Москва.


Патниците за руските медиуми откриле дека авионот најпрвин нагло свртел кон едната страна, а потоа и кон другата. Потоа, пилотот излегол од својата кабина и паднал пред патниците и стујардесите, по што настанала паника во авионот.

Од “Montenegro Airlines” соопштија дека безбедноста на патниците и екипажот не била загрозена, а според руските медиуми, на пилотот му се слошило поради проблеми со мускулите. Откако слетале, патниците со автобуси биле пренесени до аеродромот „Домодедово“ во Москва каде што авионот требало да слета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг