После Грција, невреме ја зафати и Италија: Бурата откорнала дрвја, водата носела автомобили додека паѓал огромен град!

Точка

11/07/2019

20:14

3.734

Големина на фонт

а а а

Италијанското крајбрежје во средата го погодило силно невреме, кое откорнало дрвја од корен, а најмалку 18 луѓе се повредени. Засега нема жртви.

Во Пескара, каде се повредени 18 лица, паѓал град со големина на портокал, додека 200 борови паднале во близина на Равена, каде имало поплави, како и други делови од италијанските региони како Ромања, Марке и Абруцо..

Според неименувани извори на Анса, една трудница се здобила со повреди на лицето и главата, додека останатите се здобиле со модрици и други повреди, најчесто на главата.

Градот кој паѓал нанел голема штета врз автомобилите, кршејќи ги шофершајбните, а оштетил и кров на зграда во крајбрежното одморалиште во Абруцо.

Во градот Абруцо улиците се претворени во реки. После бурата и градот, непроодни биле и улиците во Пескара, рекол градоначалникот, додавајќи дека активирал општински оперативен центар поради вонредната ситуација. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг