Туристи го преплавуваат градот на смртта во Австралија: Избришан од картата пред 30 години и секој ден во него е смртоносен, но предупредувањата не се почитуваат

Точка

11/07/2019

18:37

3.195

Големина на фонт

а а а

Витенум е рударски град кој е напуштен пред 50-тина година поради високата концентрација на азбест.

Властите ги молат туристите да го заобиколуваат градот во Западна Австралија, нагласувајќи дека самото вдишување на воздухот може да биде смртоносно. Витенум е избришан од картата и исклучен од мрежата откако високи нивоа на азбест во воздухот предизвикале смрт на илјада рудари. И покрај знаците за предупредување, туристите уште го посетуваат тој поранешен рударски град на околу 300 километри од пристаништето Хедланд, пишува "Daily Mail". 

Посетителите доаѓаат во Витенум за да го фотографираат пропаднатото кафуле Док Холидеј, златарницата со урнат кров, напуштените автомобили и домови, и пустата земја на која сето ова се наоѓа. Фотографиите од екстремниот туризам прикажуваат одмор на цели семејства, кампувања на групи пријатели и туристи кои, понекогаш со домашните миленици се капат во езерото. Исто така, многумина споделуваат фотографии од знакот за предупредување на кој пишува да не се влегува. Повеќето во своите описи не ги споменуваат смртоносните загадувачи во воздухот.

Министерот за абориџински работи и земја, Бен Вајат, рекол дека е застрашувачка количината на азбест во воздухот, а градот никогаш нема да биде безбеден за посета. Рекол дека кога рудникот Витенум бил затворен во 1966-та година останале 3 милиони тони јаловина, односно остатоци од азбест. "Изложеноста на само едно влакно од таа јаловина може да биде фатална".

Вајат рекол дека никакви пари или време нема да бидат доволни градот да се исчисти до мерка прифатлива за човечки престој.

"Имам едноставна порака за секој што размислува да патува во Витенум. Немојте", рекол тој и додал: "Тие знаци за предупредување не се таму за украс или за збогатување на колекцијата на Инстаграм. Тоа се предупредувања за сериозни здравствени последици. Не можам доволно да нагласам колку е глупаво да се патува во Витенум. Постојат многу клисури во Западна Австралија кои со себе не носат закана од фатални последици".




Спонзорирани линкови

Маркетинг