Семејства ја тужеле Европа поради климатските промени: Меѓу оштетените туристички водичи, овчари и угостители

Точка

11/07/2019

17:22

1.342

Големина на фонт

а а а

Неколку семејства кои тврдат дека се погодени од глобалното затоплување, поднеле жалба на отфрлањето на нивната тужба против Европа за климатските промени, соопштила еколошката агенција "Climate Action Network".

Нивната тужба е отфрлена во мај оваа година пред првостепениот суд на ЕУ, кој го оспорил правото на поединците да поднесуваат такви барања. 

Десет семејства кои живеат од земјоделие или туризам, од европските земји, Кенија и Фиџи, ја поднеле тужбата на 24-ти мај 2018-та година.

Меѓу нив има семејства од италијанските Алпи кои се потешко заработуваат за живот со водење на туристи на глечерите бидејќи тие се отпат, германски угостител од северноморските острови каде нивото на морето расте и романски овчар кој своето стадо мора да го носи на поголеми висини за да најде трева.

Тие бараат судот да поништи три директиви кои ја уредуваат емисијата на штетните гасови во индустријата и вкупното дозволено загадување во државните членки.

Судиите ја оспориле тужбата на основа на тоа што има уште многу луѓе погодени од климатската криза, и дека таа тужба на другите им го ускратува правото за заштита на секој поединец.

Европскиот совет и Европскиот парламент треба писмено да одговорат на жалбата во рок од два месеци, а потоа Европскиот суд за правда ќе одлучи дали ќе ја прифати.

"Climate Action Network" наведува дека, ако жалбата биде одбиена, ќе биде докажано дека европското правосудство е неспособно правно да ги заштити граѓаните од климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг