Црвени, розови или виолетови? Бојата на карминот открива многу за вас

Кармин

11/07/2019

15:47

2.179

Големина на фонт

а а а

Карминот кој го нанесувате на вашите усни, всушност открива многу за вас. Некои жени најчесто избираат впечатливи и силни бои, додека други се држат исклучиво на нежните и светли нијанси.

Портокалова

Вие сте личност која зрачи со енергија и имате огромна смисла за хумор. Го признавате само она што е позитивно. Отворени сте и секогаш подготвени за дружење. Уживате во физички контакт, дружење со пријателите и блиските личност кои многу ви се важни. Секогаш ведри и весели, лесно ги воодушевуваат другите.


Црвена

Црвената боја означува сила и доминантност. Кој сака да биде забележен, ќе стави црвен кармин и со тоа ја покажува својата страствена природа и имплусивност. Храбри се и бестрашни кога ќе се соочат со нови предизвици. Во врска се многу страстни со задоволство преземаат иницијатива.

Розова

Жените кои избираат розови нијанси се љубезни, чувствителни и нежни. Полни се со разбирање и многумина токму на нив ќе им се обратат кога ќе имаат одреден проблем.

Беж боја

Ако носите кармин во боја на кожата, оставате впечаток на едноставна и класична личност. Обично тоа се природни и нормални девојки кои ништо не кријат, бидејќи секогаш се со сите искрени, а со овие природни нијанси на кармин и со своите позитивни карактеристики, уште повеќе се истакнуваат.


Кафена

Жените кои му се лојални на кафениот кармин за усни, сакаат малку старомодни, ретро работи и никако не се снаоѓаат со трендовите. Ниту пак го сакаат тоа.

Виолетова

Виолетовиот кармин за усни укажува на храбри жени кои не се плашат од новитети и кои сакаат со својата оригиналност да привлечат внимание. И додека многумина мислат дека се тврдоглави, тие всушност се многу одлучни. Уживаат во постојано натпреварување и ретко кога прифаќаат пораз.


Црна

Темните, особено црните кармини се идеални за девојки кои не се плашат да преземат ризик, не им е грижа што ќе кажат другите луѓе и имаат свој футуристички поглед кон светот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk